Роден под името Касиус Марселус Клеј, Мухамед Али е еден од најголемите боксери во тешка категорија на сите времиња. Уште како аматер освоил златен медал на Летните олимписки игри 1960 во Рим.

Потоа добива лиценца за професионален боксер и станува првиот кој ја освоил последователно три пати титулата во тешка категорија.

Мухамед Али одбива да биде примен во армијата на САД врз основа на верски убедувања и заради своите убедувања не учествувал во војната во Виетнам. Поради тоа е уапсен и осуден, лишен од боксерските титули, професионалната лиценца и требало да биде отстранет од боксот.

Сепак Али никогаш не влегува во затвор, бидејќи највисокиот суд на САД ја поништил пресудата. Али со прекар “The Greatest” – најголемиот, учествувал во неколку историски борби, вклучувајќи 3 со Џо Фрејзер и една со Џорџ Форман. Во својата кариера тој постигнал 56 победи, а претрпел само 5 порази.

Успехот на Мухамед Али, неговиот неизменет борбен стил “летај како пеперутка, боцкај како пчела”, го претвора во икона. Во 1999 година, Али е крунисан за “Спортист на векот” од Sports Illustrated и “Спортска личност на векот” од BBC.

Добар пример за човек кој постигнал успех, нели? Еве ги 7-те совети кои треба да прифатиме од “големиот” – Мухамед Али:

1. Страдај и измачувај се СЕГА, за да ти е лесно на рингот!

“Трчам низ тешкиот пат, многу пред да почнам да танцувам со благ чекор во центарот на вниманието. Ја мразев секоја минута на обука и вежби, но си велев: Не се откажувај. Страдај сега и живеј го остатокот од животот како шампион. “

Страдајте сега, платете ја цената во моментов – колку и да Ви изгледа висока. На крајот цената на успехот ќе биде многу помала од цената на неуспехот. Потрудете се сега и живејте до крајот на животот како шампион!

2. Желба, сон, визија

“Шампионите не се создаваат во салата. Шампиони се направени од нешто што е длабоко во нив – желба, сон, визија. “

Имате ли желба да постигнете успех? Не брзајте! Дали навистина сакате да успеете? Има ли нешто што Ве тера да се будите доцна во ноќта и да станувате рано наутро?

Шампиони се водени од желбата за успех. Тие имаат внатрешна слика на тоа како изгледа успехот и се спремни на сè за да се реализира оваа слика, оваа визија!

Шампиони никогаш не престануваат додека целта не им е постигната, тие не можат да престанат – тоа е нивната мисија!

3. Потврдувај се себе си, биди најголемиот!

“Летај како пеперутка, боцкај како пчела. Никој не може да те победи!”

Али вели: “Повторувајќи некое тврдење многу пати, тоа постепено се претвора во убедување. И откако тоа тврдење ќе стане длабоко убедување, работите почнуваат да се случуваат.” Па не чекајте некој да го создаде ова убедување во вас, зацврстете го сами!

Тој изјавува: “Ако некогаш си сонувал дека ме тепаш, подобро разбуди се и извини ми се. Јас сум најголемиот на сите времиња.” Верувајте во себе, за и другите да почнат да веруваат во Вас.

4. Промена

“Човек кој на педесет години го гледа светот на ист начин како кога бил на 20, залудно потрошил 30 години од својот живот.”

Дали Ви е потребна промена? Зборот “Промена” често има лоша репутација. Ако видите некој кого не сте го подолго време и тој Ви каже “си се променил” би требало да му кажете благодарам. Животот е промена, животот е постојан развој, постојан ризик, ризикувате за постигнување на се повеќе и повеќе. Али вели: “Оној кој не е доволно храбар да презема ризици, нема да постигне ништо во животот.”

5. Користи ги крилјата – твојата имагинација

“Човек кој нема имагинација е човек кој нема крилја.”

Птица, која не сака да ги користи крилјата, нема наскоро да полета! И ние луѓето имаме крилја, тоа е нашата имагинација.

Ние постојано имаме можност да го оставиме реалниот живот и да скокнеме во еден свет полн со можности, свет без граници.

Ако веруваме во она што го гледаме во нашиот имагинарен свет, ако добиеме визија од овој свет, дел од тоа ќе се преслика и во нашиот вистински живот.

6. Целите се најважни

“Она што ме држи жив и ме тера да продолжам, тоа се моите цели!”

Ако имате цели, ќе ги знаете и ќе бидете во можност ако Ве разбудат рано наутро да ги цитирате без да размислите. Визуелизирајте ги секојдневно откако ќе се разбудите и пред да ја ставите главата на перницата секоја вечер.

Целите се сè што Ви треба – се разбира потребен е и план кој ќе Ве води кон нив! Никогаш не ја потценувајте потребата од поставување на цели. Тоа ќе Ве одржува мотивирани и ќе Ве тера да одите напред!

7. Подготви се да успееш

“Борбата се губи или добива далеку од сведоци – зад сцената. Борбата се губи или добива во салата или надвор на патот, долго пред да се победиш или паднеш во центарот на вниманието. “

Секојдневните навики се оние кои одлучуваат колку далеку може да стигнете.

Не станува збор за да се биде во “центарот на вниманието”, станува збор за тоа како сте се подготвиле за “светлата во центарот”.

Подготвени сте?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТрендовски дом | Lean Bookshelf
Следна објаваЖивотни облечени со стил | Miguel Vallinas
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР