Трендот од 80-тите, повторно се враќа оваа пролет
Трендовите се навистина многу циклични и гарантираме дека сè што некогаш било хит, ќе се врати во мода во одреден момент.
Така е сега со балон фустаните или здолништата кои со години се на дното од нашите плакари затоа што не беа мода. Но, ни се чини дека по многу години, повторни ќе ги извадиме од плакарот и ќе почнеме да ги носиме, бидејќи се најнов тренд.
Овој тип на фустани и здолниште оди подеднакво добро со патики како и со високи потпетици.