Летната ликовна школа која ќе се реализира во организација на Атељето за сликање и цртање под менторство на уметницата Лара Ташковска во Градскиот парк ќе трае од 13-20 јуни 2023.

Фото-кредит: Лара Ташковска со своите ученици 

Школата е наменета за деца, но и возрасните се добредојдени.

Школата ќе се трае од 12-30-ти јуни, секој понеделник, среда и петок.

1 седмица: 12-ти, 14-ти и 16-ти јуни од 17:30-19:00ч.

2 седмица: 19-ти, 21-ви и 23-ти јуни од 11:00-12:30ч.

3 седмица: 26-ти, 28-ми и 30-ти јуни од 11:00-12:30ч.

Цена за една седмица: 1200 денари (за три часа)

 

_______________________

Еден час: 500 денари.

Сите материјали се вклучени во цената.

Збирно место: пред Дино парк на самиот влез во паркот.

Во случај на дожд, часот ќе се одржи во Ателјето.

Пријавете го своето учество на тел: 076 530-080 или на contact@ateljezacrtanjeislikanje.mk

НЕМА КОМЕНТАРИ