Во Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 1 на 20 јуни 2023 со почеток во 20 часот ќе се отвори  изложбата на цртежи и колажи од Стефан Младеновски насловена „Записи

Академикскиот сликар Никола Пијанманов ќе рече: “Сликите на Стефан Младеновски сочинуваат синтеза на сите ликовни техники и дисциплини. Тоа е една голема ризница на ликовното писмо, библиотека во која се складираат различностите на ликовната уметност. Но сепак, тие поединости се распоредени во еден совршен ред и целина. Само навидум одразот на хаосот и немирот во деталите создава импулсивен впечаток. Во оваа сликарска уметност владее совршена хармонија. Како таинствена калиграфија, штотуку одвиткана од свитокот на некој далечен мистик. Потребно е големо внимание и љубопитност да се дешифрира ликовното писмо на Стефан Младеновски.

✏️ Стефан Младеновски
Портрет со црвени очила( 2023) 
колаж / хартија – фасаден акрил, молив, 100 х 70 cm. 

 

Фрагментите во овие дела се слики самите за себе, слоевитоста на неговите слики е раслоена во парчиња кои можат слободно да функционираат без рамката во која се одвива драмата на композицијата. Има тука сокриено некоја мала, но лична бесконечност. Траги кои водат до личната приказна на авторот. Таа приказна е раскажана без нарација и патетичност. Попрво како симболистичка поезија”.

Фото-кредит: Стефан Младеновски

Стефан Младеновски е роден 1996 г. во Крива Паланка. Средно образование завршил во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје, оддел графика. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (2020) оддел графика со насока конзервација и реставрација во класа на проф. м-р Зоран Јакимовски. Магистрирал на истиот факултет (2022) под менторство на проф. м-р Мирко Вујисиќ, област графика. Член е на ДЛУМ од 2020 г. Досега реализирал осум самостојни изложби и учествувал на преку триесет групни изложби во земјава и странство. Добитник е на три национални награди за графика.

 

Изложбата ќе биде отворена до 28.06.2023 година.

ФБ настан https://www.facebook.com/events/1348447682385812/

ЈУ Културно информативен центар – Скопје

НЕМА КОМЕНТАРИ