Во рамките на манифестацијата “Скопско лето” во понеделник 26.06.2023 година со почеток во 20.30 часот во Националната Галерија Чифте Амам, ќе имаме  можност да ја видиме новата изложба на нашиот реномиран уметник Михаил Корубин.

Изожбата наречена “Визуелна Артикулација” содржи нови дела на Михаил Корубин, артокени и слики кои пулсираат различно, а сепак се испреплетени, градејќи еден сензуален простор на можности. Плетенка на мистичното и концептуалното.

Михаил гради еден психолошки набиен сензуален простор создавајќи едно преубаво визуелно доживување.

Се забележува криптичност и мистериозност во сите слики.

Вистинско доживување за љубителите на уметноста.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСИТЕ ПОПУСТИ НА ЕДНО МЕСТО LATE NIGHT SHOPPING ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!
Следна објаваКонечно пристигна новата сезона на серијата што ни се допаѓа – еве што мислиме за неа
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ