Нада Пешева е овогодинешната добитничка на наградата ,,Ладислав Баришиќ”

Нада Пешева е овогодинешната добитничка на наградата ,,Ладислав Баришиќ”

 

Овогодинешна добитничка на наградата Ладислав Баришиќ од областа на ликовната критика која ја доделува ‘Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија’ во комисијата составена од Владимир,  Јанчевски, Елена Вељановска и Тихомир Топузовски едногласно одлучи да се додели на проектот „Женското учество  во современата македонска ликовна/визуелна уметничка сцена по 1991 година“ на Нада Пешева, за актуелноста и акутноста на истражувачката проблематика, соопшти здружението.

 Фото-кредит: Наде Пешева (приватна архива) 
Во фокусот на истражувањето е поголем број на учество женски авторки-уметници во современата уметничка сцена, со посебен осврт на квалитетот и квантитетот на културните политки во стимулирање на учеството на жените во современата ликовната/визуелната уметност во Македонија во периодот на 1990-тите години, но и степенот на инклузивност на родови теми во рецентната уметничката продукција.Во истражувањето ќе бидат опфатени референтни изложби и кураторски проекти кои поттикнуваат и промовираат еднаква презентација на жени авторки реализирани преку програмските активности на националните установи и независната културна сцена, како и  вклучување на дела од женски авторки во колекциите на установите, во објавените публикации и слично“, се вели во информацијата за медиумите.
Нада Пешева (1976, Скопје) дипломирала на катедрата на Историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје (2000). Магистрирала на тема  “Културна политика и менаџмент“ на Универзитетот на уметности во Белград, Србија (2013).  Во моментот е докторант на катедрата за Културолошки студии на   Институт за македонска литература, УКИМ. Во потесен интерес на нејзината работа влегуваат ликовната теорија и критика, културниот менаџмент и политика, културниот туризам, културните индустрии и родовите прашања во културата. Учествувала на повеќе локални и меѓународни конференции, дебати и симпозиуми  во земјата и странство и објавувала трудови во повеќе научни списанија и публикации. Во моменов е вработена во Агенција за промоција и подршка на туризмот. Член е на Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“, а била и член на Управниот одбор на здружението.

НЕМА КОМЕНТАРИ