Што ќе носиме ова лето?
Иако од надворешното време повеќе би сакале да заклучиме дека доаѓа зима, сепак се надеваме дека времето наскоро ќе се стабилизира, а претстојното лето ќе не радува неизмерно.
Подготовките за летото влегоа во завршна фаза. Линијата ја доведуваме до совршенство, а полека но сигурно ја „градиме“ летната гардероба. Со цел полесно да ја „изградите“ вашата летна гардероба, во продолжение ви пренесуваме три водечки трендови за ова лето.

1. Богат и отмен стил (“Old money style”)
Стариот богат и отмен стил се заснова на минималистички дизајн и едноставни комплети, кои се фокусираат на квалитетот на материјалите од кои е направена облеката. Затоа, задолжително инвестирајте во квалитетни парчиња ова лето.

2. Парчиња од лен
Кога станува збор за летната гардероба, ленот е вечна класика, но ова лето ќе биде исклучително популарен токму поради се попопуларниот “Old money”стил.

3. Бели панталони
Белите панталони се уште едно парче кое го поврзуваме со летните месеци, но оваа сезона тие се врвниот хит.

НЕМА КОМЕНТАРИ