“Плажарење“ е насловена изложбата на фотографии видени низ објективот на младата фотографка Катја Штркова Кочовска која ќе биде претставена пред публиката во

Културно-информативен центар – Скопје во ‘Салон Империјал’ 1, на 9 јуни со почеток во 20:30 часот.

Фото-кредит: Катја Штркова

Катја Штркова Кочовска е родена 1989 година во Скопје и веќе 10-тина години работи како графички дизајнер. Досега се има претставено со две самостојни изложби на фотографии, „Tributes“ (2012 година) и „Во текстури“ (2016 година). „Плажарење“ е нејзина трета самостојна изложба на фотографии, со мотиви од леснотијата на секојдневието и спокојот на летните денови поминати на плажа во последниве неколку години.

Мирот на човекот покрај вода, во природно опкружување. Слободата да се биде гол. Без оптеретување од погледите на другите. Светот е таму некаде далеку… Плажарење засекогаш!

Изложбата ќе биде отворена до 19.6.2023 година.

 

FB настан: https://www.facebook.com/events/691815896291083

НЕМА КОМЕНТАРИ