На сцената на МОБ на 16  септември ќе се изведе една од најубавите македонски опери, грандиозното дело на нашиот композитор Ристо Аврамовски „ЛИДИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“- (Обнова) .

Фото-кредит: Веб

Ристо Аврамовски беше еден од ретките македонски композитори, ако не и единствен кој создаде дела од сите музички форми, од соло песни до ораториуми и опери. Тој е автор на музиката за балетот „Чекори на Терпсихора“, по текст и либрето на Блаже Конески.

Врвни дела на неговото творештво се оперите  „Болен Дојчин“ и „Лидија од Македонија“. Во „Лидија од Македонија“ тој сиот се вложи во неговото создавање, а Македонската опера и балет му се оддолжи со прекрасните изведби на сцените во Скопје, на матичната сцена и во Охрид, на фестивалот „Охридско лето“.

Операта се состои од два дела во четири чина. Либретото е на Гиј Шелеи и Дора Петрова (Франција) Препевот е заедничко дело на Лилјана и Јордан Плевнеш. Диригентската палка му припадна на Иван Еминовиќ, додека режисерската е на Пламен Карталов.

Останата екипа се состои од ;

– Обновил -Трајко Јордановски

– Асс.режисер – Љупка Јакимовска

– Асс. Диригент: Катерина Стојковска

– Сценограф – Панче Минов

– Костимограф – Елена Дончева

– Концерт–мајстор: Верица Ламбевска

– Асс.Хор–мајстор – Јасмина Ѓорѓеска

– Корепетитори – Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов, Јордан Петрушевски

– Суфлер:Невена Георгиева

– Испициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски

НАСТАПУВААТ:

ЛИДИЈА – Наде Талевска Спасовска

ПАВЛЕ – Игор Дурловски

СИЛАС – Драган Ампов

ТИМОТЕЈ – Марјан Николовски, Никола Стојчевски

АНГЕЛОТ ЧОВЕК – Васко Здравков

АСИА – Ана Ројдева –Талевска, Катерина Стојановска

АГИА – Александра Лазаровска – Василевски, Елена Голомеова

ДИНА – Марика Поповиќ, Соња Пендовска – Мадевска

ИКИЈА – Катерина Бошковска, Десанка Глигоријевиќ

ЦЕЗАР – Ернес Ибраимовски

КЛАУДИЈ – Игор Гиновски

ЛАМБРИКУС – Тихомир Јакимовски

ПЕРЕС – Дејан Стоев

ТЕРВЕЛ – Јане Дунимаглоски

НУМ – Диме Петров

МАЈКАТА – Соња Пендовска – Мадевска, Мариана Бошковска

КАПЕТАНОТ – Невен Силјановски

ЦЕНТУРИОН – Васко Здравков

Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет

 

За „Лидија од Македонија – првата христијанка на Европа“

При крајот на минатиот век во Њујорк и во повеќе светски метрополи се појави книгата „Заборавените жени на Библијата“ која предизвика голем интерес во меѓународната јавност. Најглавното „откритие“ меѓу заборавените жени на Библијата беше Лидија Македонката која го снабдувала со пурпурно платно целиот Римски Сенат за потребите на целата Римска империја.

Кога Апостол Павле се појавува на македонско тло по познатиот во Библијата „Повик на Македонецот“ со славната реченица „ Дојди во Македонија и спаси не нас….“. Страв одвнатре, а закани од надвор, и пораката на христијанството од палестинска ја претвора во универзална порака кон која треба да пристапуваат сите непокрстени народи на светот, всушност тоа е мигот со кој почнува новата историја на човештвото: Евангелизација на Европа и на Светот.

Првата жена и воопшто првата личност која Апостол Павле ја покрстува во таа одисеја која трае веќе две илјади години е Лидија Македонката. Токму тука настанува Првата црква во Европа и во Светот и еден хор на ангели слетува во таа Куќа – Црвка за да ја пренесе „цивилизацијата на љубовта“, од неговото Раѓање до Распетието и Воскресението за спас на целото човештво.

 

„Лидија од Македонија“

 

Кратка содржина

 

I. Прв чин

Пустина. Апостол Павле со раскрвавени нозе од долгото пешачење, среќава човек, кој всушност е Божјиот Ангел. Ублажувајќи му ја болката човекот, Ангел го поканува да појде во Македонија и да им помогне на луѓето кои живеат во тешки маки и страданија. Павле ветува дека ќе појде.

Филипи. Град во Македонија во кој владее разврат под тортура на Римските војници. Апостол Павле, придружуван од Силас и Тимотеј пристигнува во Филипи и е вџашен од развратот и безперспективноста на луѓето. Среќава крадци, проститутки, убијци и користољубиви војници. Избива пожар, но никој не сака да помогне да се угасне. Апостол Павле, ужаснат од глетката го напушта градот.

На брегот на реката Лидија, Асија, Агија и Дина го бојадисуваат белото платно со пурпурна боја, кога им се приближуваат Павле, Тимотеј и Силас. Павле ја покрстува Лидија.

 

II. Втор чин

Куќата на Лидија. Лидија им соопштува на сите, дека дозволува во нејзината куќа да се држат проповеди и да се покрстуваат луѓето во верата на едниот Бог, Исус Христос.

Во истовреме во Римскиот Сенат, Цезар издава едикт со кој ги обврзува сите Сенатори да бидат облечени во тоги со пурпурна боја, од платното изработено од Македонија.

Апостол Павле продолжува со проповедање и покрстување, но бил шпиониран од Икија, која лажно се претставува како верник, бидува предаден и затворен од римските војници.

 

III. Трет чин

Павле, Силас и Тимотеј се во затвор. Пред затворските судии доаѓа Лидија со толпа народ. Сите заедно се молат на Бога за спасение. Во тој миг се случува земјотрес. Sидините на затворот се рушат, но никој не е повреден. Павле, Силас и Тимотеј се слободни, во истовреме Лидија им соопштува дека Римските преторијанци донеле ослободителна пресуда за нив. Благодарејќи му на Господа тргнуваат кон градот, каде ги пречекува воодушевената толпа од народ, кој се повеќе почнува да верува во Едниот Бог.

 

IV. Четврти чин

Лидиjа го спрема караванот со коњи натоварен со пурпурно платно. Ja придружуваат насмеани деца, но едно од нив истрчува и паѓа под копитата на еден од коњите. Сите мислат дека детето е мртво, но Лидија верува во Божјото спасение, иако сите jа обвинуваат за смртта на детето. Доаѓаат римски воіници во придружба на мајката на детето. Мајката jа обвинува Лидија, додека војниците и соопштуваат дека ќе биде погубена.

Во тој момент доаѓа Апостол Павле и со еден потег на раката го оживува детето, кое радосно се фрла во прегратките на Лидија. Мајката е одушевена и Лидија и соопштува дека и го враќа живо со оној што живее во него, Исус Христос.

Павле, Тимотеј и Силас се простуваат од народот пред да заминат. Ја благословуваат Лидија, ветувајќи и дека вечно ќе jа споменуваат. Лидија ги нарекува Трите Сонца на Македонија. Апостол Павле соопштува дека Македонија е земја избрана од Господа и дека од овде, од Македонија ќе тргне Новиот Завет.

 

ИЗВОР: ©НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ.

Website: https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=5105

Билетара: +389 2 3 118 451

НЕМА КОМЕНТАРИ