По повод 101-годишнината од раѓањето на Миле Корубин, Националната галерија организира голема ретроспективна изложба во просториите на Чифте амам и промоција на монографското издание од др. Кирил Пенушлиски, опфаќајќи ги сите периоди од неговото творештво.
Свеченото отворање ќе биде на 28 септември (четврток) 2023 година во 20 часот.
Миле Корубин е еден од најзначајните македонски ликовни уметници после Втората светска војна и еден од основоположниците на современaта ликовна естетика.
Неговото творештво се протега повеќе од пет децении.
“Секоја слика ја сметам за незавршена. Нејзиното завршување се остварува во следната слика и така натаму. И, можеби сите тие слики заедно значат едно оформено уметничко дело”
Миле Корубин
Портет на Славко Јаневски