,, Невообичаени музеи “- Музеј на кармини во Берлин. 

 

Во музејот за кармини во Берлин, визажистот Рене Кох дава увид во културната историја на карминот. Врв се трагите од бакнежот на големите диви. 💋💋При посетата на овој невообичаен музеј шминкерот Рене Кох лично ќе ви ја објасни историјата на карминот. Неговата лична колекција е обемна и прикажува реткости од барокот до денес. Таа е сместена во шик собите на неговиот приватен стан. Токму таму уметникот-визажист Рене Кох, прикажува кармини со скапоцени камења, историски футроли за шминка и секојдневни производи за широка потрошувачка.

Домаќинот исто така со задоволство споделува инсајдерски знаења, анегдоти и совети за шминкање.

Од барокот преку громогласните дваесетти до денес се вели дека: „Црвените усни треба да се бакнуваат“… Изложбата на кармини на Рене Кох покажува дека црвените усни не само што се бакнуваат, туку и сакаат да бидат овековечени. Неговата приватна колекција е отворена за јавноста од 2009 година.

 

Рене Кох ги разубававува дамите  скоро половина век. 

НЕМА КОМЕНТАРИ