Ако ви треба стилско освежување оваа пролет, свртете се кон суштинскиот француски стил како инспирација. Чист, едноставен и без напор. Елегантниот париски уличен стил е совршен избор за секоја пригода. Кога ќе слушнете како велат за некоја  девојка дека изгледа француски и шик, веројатно помислувате на совршено разбушавена коса, силен црвен кармин и пар добро скроени фармерки, но како всушност изгледа парискиот уличен стил во 2024 година?

Секако, стилот на хит девојка од Франција не подразбира само ултра елегантен, минималистички изглед. Може да биде спортски и атлетски, шармантно женствен или шарен и летен. Без разлика дали барате инспирација како да ги комбинирате вашите нови шорцеви Адидас со вашите омилени мокасини – еден од најжешките трендови на социјалните мрежи оваа пролет – или барате начин да ја коминирате вашата преодна гардероба за сончевите пролетни денови кои брзо се менуваат во ветровити, обратете се кон французинките за инспирација.

Без разлика дали повеќе сакате бохо-шик стил или елегантен минималистички стил од 90-тите, сè што навистина ви треба за да го постигнете тој изглед е чувство на самодоверба и неколку клучни парчиња што треба да ги чувате во вашиот плакар.

Ако барате еден складен стил кој ќе ве однесе од утринското кафе до канцеларија, па се до вечерно излегување со пријателите, не гледајте подалеку од нашите омилени модни инфлуенсерки, уредници и експерти од индустријата. Соберете инспирација од најновите шик изгледи директно од Париз и внесете ги во вашата гардероба оваа пролет.

фустан на точки  + беж мантил

сина кошула + адидас шорцеви + црни мокасини

краток беж фустан + плетена чанта

бела тексас јакна + широки тексас панталони

голема кошула + чорапи од чипка + црни сандали и чанта

кариран црно-бел фустан

кошула + кратка јакна + широко здолниште

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХеклана облека – главен тренд за лето 2024 година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ