Во соработка со планинарскиот спортски клуб H2O и партнерите НАЕОПМ и Пивара Скопје, АЕТМ Ве поканува на еко дружба со eCommerceMk заедницата и секој поединец кој сака да придонесе за чисто Водно.

  • Фото: Веб 🌐

Собирањето отпадоци ќе започне во 10:00 часот од средно Водно и ќе се одвива по две планинарски патеки (Бабина и Новогодишна) предводени од водичите на H2O, a на врвот на Водно во планинарскиот дом Даре Џамбаз ќе не пречекаат вкусните бургери на Jojo’s BBQ, ладни пијалоци од Пивара Скопје, здрави благи од Healthyish и одлична атмосфера за поминато убаво неделно попладне со музиката на DJ Foodieman.

⏰ 10:00 meeting point – Средно Водно

📍 13:00 Крајна дестинација: Врв на Водно – планинарски дом Даре Џамбаз

🎵 DJ Foodieman

🍔🍲 Jojo’s BBQ & Healthyish

 

➡️ Потврдата на присуство е задолжителна на овој линк: https://bit.ly/prijava-ecoevent

Ве охрабруваме да поканите ваши блиски, да ги пријавите и заедно да придонесеме во кревање на свест и чистење на водно со оваа Еко Акција!

 

Опремата за чистење (заштитни ракавици и кеси за отпад) е обезбедена од страна на организаторите.

 

Здружението ‘Skimacedonia’ e основано со основна дејност, промоција на ски регионите и национални паркови, туризмот и развој на зимските и аутдор спортови.

Извор: (skimacedonia@gmail.com) 

НЕМА КОМЕНТАРИ