Едноставна Направи сам идеја која ќе внесе живост на Вашето работно биро – Ви здодеа од обичните спојувалки на документи? Дури и оние во боја не Ви делуваат повеќе интересни? Тогаш, останете со нас и неколкуте чекори до апсолутно нов разигран изглед на Вашите хартии по било кој повод!

1

[sociallocker]

Што Ви е потребно:
– молив
– хартија
– клешти
– жица за накит

2

3

Најпрво, одлучете каков облик ќе дизајнирате. Бојата е неважна, бидејќи поентата е во виткањето на жицата. Осигурајте се дека позадината на Вашата уникатна спојувалка ќе биде спојувалка во вистинска смисла на зборот – т.е. да го има оној дел за спојување. Исечете произволно дел од жицата и почнете со виткање, со помош на клештите. За тесните агли и рабови Ви е потребен алат, за се’ друго Вашите прсти се доволни. Кога ќе завршите со виткање, измазнете ја површината на спојувалката ставајќи некој тежок предмет врз неа.

4

6

Вашите спојувалки се готови – во прилог, следуваат уште неколку предлози за форми кои сигурно ќе Ви се допаднат. Вашите иницијали за Вашето CV или облик на срце како обележувалка за книги?  Или можеби бројки за нумерирање на Вашите истражувања? Предизвикот останува на Вас!

7

8

9

10

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРетро реклами за долна облека
Следна објаваСледи ме | Murad Osmann
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР