Февруари е специфичен по тоа што е најкраткиот месец во годината, а уште поважно, во февруари се слави Свети Трифун и Денот на вљубените.
Денот на вљубените е ден во кој се слави љубовта, било да е тоа љубов помеѓу партнерите, пријателите или семејството. Денот на вљубените е уште една можност да ја изразиме нашата љубов кон нашите најблиски, било да е тоа со збор, дело или подарок.
Срцата се заштитен знак на Денот на вљубените, па така вториот месец во годината го красат мали срциња на сите страни. Од украси, чанти, маици, но и маникир.
Ви ги пренесуваме најубавите маникири инспирирани од Денот на вљубените, кои ќе ве инспирираат да се погрижите вашите нокти да бидат во склад со месецот на љубовта.