Интернетот е неисцрпен извор на инспирација за нас, особено кога станува збор за храната, односно кога се во прашање рецептите. Направивме разни солени и слатки јадења токму благодарение на интернетот. Последното, многу популарно слатко јадење со векови е омилен десерт во Кина, а благодарение на интернетот деновиве стана популарно ширум светот. Во продолжение ви пренесуваме рецепт за TangHuLu, односно крцкаво зашеќерено овошје.

Рецепт за TangHuLu

состојки:
– чаша шеќер
– половина чаша вода
– јагоди (или кое било овошје по ваш избор)
Во тенџере се ставаат шеќерот и водата на тивок оган околу 15 минути за да се раствори шеќерот. Подгответе ледена вода, односно ставете мраз и вода во друго тенџере. Ние направивме тангула со јагоди, но можете да користите било кое овошје. Јагодите наденете ги на дрвено стапче, потопете ги во стопениот шеќер, а потоа во мразот и тангулата е готова.

СПОДЕЛИ
Претходна објава10 намирници кои имаат речиси 0 калории и кои можете да ги јадете во неограничени количини
Следна објаваХит боја оваа пролет е бебешко сината нијанса
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ