Мохито е коктел кој исклучиво го поврзуваме со летото и топлите летни денови. Тој е одлично освежување и бегство од неподносливите горештини.

Но, оваа празнична сезона откривме генијален рецепт за зимска верзија на мохито што ќе го пиеме цела празнична сезона. Во продолжение ви го пренесуваме рецептот за божиќно мохито бидејќи не се сомневаме дека и вас ќе ве воодушеви. 

Божиќен рецепт за мохито
Состојки:
– шеќер
– нане
– сок од лимон
– бел рум
– кокосово млеко
– мраз
– минерална вода
– калинка
Во чаша се ставаат шеќерот и нането и се дробат колку што е можно повеќе. Додадете сок од лимон, бел рум, кокосово млеко и мраз и сè добро измешајте. Додадете минерална вода и украсете со калинка.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБесплатна ликовна работилница за најмладите уметници во Рамстор на 22.12.2022
Следна објаваКнижевна дружба со Јулијана Величковска во ,,Буква” (26.11.2022)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ