Во рамки на „Ноември со Јулијана Величковска“ ја најавуваме книжевната дружба со Јулијана Величковска.
? Настанот ќе се одржи на 26 ноември во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 20 часот.
Присутните на настанот ќе можат да проследат разговор посветен на делата и преводите на Величковска, читање од стихозбирките „Комарци“ и „Отворена книга“ и од романот „Годишни времиња“, а ќе биде прикажан и поетскиот филм „Комуна Капиштец 2001“ на Марија Шаклева и Сандра Ѓоргиева направен според истоимената песна на Величковска.
?Модератор на настaнот ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски.
Јулијана Величковска има дипломирано на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје на Катедрата за македоска книжевност и јужнословенски книжевности. Таа е поетеса, писателка, уредничка и преведувачка. Член е на организацискиот одбор на интернационалната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, ко-основач е и директорка на „Скопскиот поетски фестивал“, член е на Друштвото на писатели на Македонија и основач на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ во Скопје. Таа е автор на две поетски збирки „Комарци“ (2010, ПНВ Публикации) и „Отворена книга“ (2017, ПНВ Публикации), еден роман – „Годишни времиња“ (2014, 2015, 2019, ПНВ Публикација) и една монографија „ХХ години Поетска ноќ во Велестово“ (2009, Поетска ноќ во Велеството).
??Повеќе за Величковска: https://www.kulturabeta.com/post/noemvri-so-julijana-velickovska-najava
??За „Годишни времиња“: https://www.kulturabeta.com/post/godishni-vreminja-vo-zima-kje-ve-stopli-vo-leto-kje-ve-smrzne
?? Избор поезија: https://www.kulturabeta.com/post/izbor-poezija-na-julijana-velichkovska