Италија е летна дестинација од соништата. Сонце, море, плажи, италијанска атмосфера и добра храна се сè што ни треба за да уживаме во нашиот одмор. Интернетот полуде по десерт кој е познат на брегот на Амалфи, а кој не само што е пријатен за непцето туку и за око бидејќи е многу убаво послужен.

Имено, станува збор за десерт послужен во лимон, a рецептот следи подолу.

Рецепт за десерт послужен во лимон
Состојки:
– 3 лимони
– 160 грама шеќер
– 600 мл павлака за шлаг
Изрендајте ја кората од лимон, но само жолтиот дел од кората. Исечете го лимонот на половина по должина и издлабете го. Не ја фрлајте кората од лимон бидејќи во неа ќе го послужите десертот.

Исцедете ја внатрешноста од лимонот кој сте го издлабиле. Во тенџере измешајте ги шеќерот, павлаката за готвење, кората од лимон и сокот од лимон. Гответе на тивок оган додека не зоврие, а потоа процедете ја смесата. Процедената смеса ставете ја во кората од лимонот и ставете ја во фрижидер најмалку три часа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВо летната сезона деталите со светли бои се клучна карактеристика на стилот
Следна објаваИзложба на фотографии на Жосеф Мариа Рибас Прус и Дамиан Диаконеску
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ