Добро познато е дека многу од трендовите како доаѓаат така заминуваат, а само најдобрите доживуваат враќање на сцената. Најпопуларните трендови на уредување кај дизајнерите на ентериер за оваа година се неколку веќе познати и класични мотиви. Она што е новитет годинава е нивното враќање во нови и свежи бои, што им дозволува на дизајнерите да работат со широка палета на модерни како и класични елементи за уредување и декорирање на просторот.

1. Цик-цак

Цик-цак дезенот не е нов тренд, како во декорирањето така и на модната сцена, но оваа година е тука во повеќе модерни нијанси на бои. Доколку сакате да го внесете во вашиот дом, внимавајте да не претерате со шарата и да го натрупате просторот визуелно, подобро “играјте” сигурно со тоа што ќе одберете нешто помало со оваа шара како украсно перниче и искомбинирајте го со други перничиња од истата група на боја, но со поедноставен дизајн.

2. Племенски дезен

Племенската шара датира генерации наназад и е уште еден дезен кој остана во тренд последниве неколку сезони. Му дава на просторот чувство на традиција и авантура и лесно може да го вметнете во секој ентериер преку килим, прекривка за кревет, перниче или ваза.

3. Ботанички принт

Декораторите често предлагаат да се внесе надворешната природа во домот, а доколку не сакате да чувате живо растение дома, овој тренд е совршен за Вас. Ботаничкиот мотив може да го внесете во ентериерот како врамен принт налик хербариум и да поставите повеќе врамени слики на ѕидот за да добиете групиран изглед.

4. Карирано

Класичниот кариран дезен асоцира на традиција и со сигурност ќе му даде топлина на просторот. Одличен е за секоја соба од домот како и за визуелно омекнување на работниот простор, а потемните и покрупни карирани дезени ќе внесат тон на машкост во саканиот ентериер.

5. Животински принт

Животинските дезени се чини дека никогаш не излегуваат од мода. Секое парче мебел, подна престилка или онаа за на креветот, најситните декоративни елементи може да ги најдете во некој животински мотив. Новитет оваа година се големиот избор на бои што додаваат на необичност на животинскиот елемент. Важно за овој специфичен тренд е да не претерате со него, доволно е да вклучите едно парче мебел или пак килим во зебреста шара во неутралниот простор, за Вашиот ентериер да ја добие потребната нота на шик.

6. Тапети

Тапетите совршено ја потврдуваат тврдењето дека она што е е старо, може да биде ново. Можете да ги најдете на ѕидовите на старите домови, како и во најмодерно уредените простори. Некогаш постоеле само во цветни дезени, а сега тапетите се преродија во апстрактни, животински, цик-цак дезени…изборот е бесконечен. Во вашиот дом може да ги поставите низ ѕидовите на целата просторија, во централното катче на собата, на еден столб или пак да ги врамите како уметнички слики.

7. Старогрчки клуч

Симетријата, редот и пропорционалноста во графиката на старогрчкиот клуч се сите класични елементи на дизајнот. Светски познатите декоратори го обожуваат овој тренд бидејќи одлично се вклопува во различни дезени во просторот, а иако се смета за традиционален, храбрите бои и комбинирањето на истите го прават овој дезен модерен.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајлуксузните тематски апартмани во светот | Прв дел
Следна објаваЧудесно карпесто село | Monsanto, Portugal
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР