Италијанскиот „nonna chic“ стана најголемата вест во уредување на ентериерот
„Без разлика дали станува збор за рачно насликана чинија од Пуља, покривка за маса везена во Венето или машина за сечење тестенини од Умбрија, предметите кои традиционално се поврзуваат со домот на италијанскиот матријархат се наоѓаат во свежа рамка со стилскиот сет“, пишува Скарлет Конлон за Вог.
Шарени плочки, мурано стакло, бели милеиња, керамички вазни. Можеби звучи како да правиме список на работи во куќата на нашата баба и нема да погрешите. Иако сме со милји далеку од Италија, нивните баби негувале стил во уредувањето на домот кој не потсетува на летото, жештината, слободата, оптимизмот и синиот Медитеран.
Денес, влијанието на италијанските нони е толку силно што би можеле да ги наречеме супер-влијателни врз дизајнот на ентериери во 2023 година, бидејќи тие ни ја донесоа естетиката на италијанскиот nonna chic.’
За да го постигнете овој изглед во домот, кујната, бањата, дневната соба или градината, на располагање ви стојат керамички украси, разиграни ткаенини и садови со ретро принт, кои особено доаѓаат до израз кога се украсуваат на нона начин – раскошно.
Излезете од вообичаената рамка и забавувајте се со украсување на вашиот дом во сицилијански стил. Инспирирајте се од следните фотографии.