Во Културно-информативниот центар – Скопје, на 18 мај со почеток во 20.00 часот, во Салон Империјал 1 и 2, посетителите ќе имаат ретка можност да присуствуваат на отворањето на изложбата  на еден од најзначајните имиња во македонската уметност – графики и цртежи од  Димче Николов.

Со оваа изложба на еминентниот уметник Димче Николов, еден од најзначајните македонски графичари, КИЦ свечано ја одбележува 70 годишнината од неговото раѓање.

Прочитајте повеќе на линкот подолу;

https://issuu.com/kulturnoinformativencentar

ДИМЧЕ НИКОЛОВ ФОТО:ВЕБ 

Димче Николов — еден од позначајните македонски графичари и ликовни уметници. Роден на 21 февруари 1953 година во Битола, тогашна СФР Југославија. Завршил училиште за применета уметност во Скопје каде што под сугестија и настојување на професорот и истакнат уметник од постарата генерација Ристо Калчевски во 1974 година се запишува на Академијата за ликовни уметности во Љубљана., Словенија. На академијата, се запишал на сликарскиот оддел во класата на професорот Штефан Планинц.

По дипломирањето се запишал и завршил во 1978 година, постдипломски студии по графика во истата академија во класата на еден од поистакнатите словенечки и југословенски графичари – Богдан Борчич.

Во 1979 година станува член на Друштвото на ликовни уметници во Словенија.

Во 1986 година по 12 годишен престој во Словенија се вратил во Македонија и станува професор на графичкиот отсек на факултетот за ликовни уметности во Скопје.. Станал член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Во 1995 година станал декан на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во 1998 година на 30 април ненадејно починал во Скопје.

 

🖼️🎨 Творештво

Создавал апстрактни, лирскo третирани знаковни композиции со употреба на црно-бели ефекти: (Предел 14, 1979; Предел 22, 1980). Тој ја поставил графичката уметност на исто рамниште со сликарството и со вајарството. Претставувајќи ја својата ликовна преокупација преку класичните графички техники (линорез, литографија, сува игла, бакропис, акватинта), Николов постигна висок квалитет, со што оставил важна трага во развојот на графичката уметност во Македонија. Во својот ликовен опус, тој стигнал до естетско, композициско совршенство кое е паралелно со истакнатите дела и творци особено од полскиот и јапонскиот графички универзум.

Неговите дела и по симболиката и по структурата која навидум е со минималистичи мотивски елементи, всушност е своевидна рефлексивна монументалност чие значење и загледаност во иднината на човечкото опстојување, допрва треба да се протолкуваат и да се одгонетнат.

Неговото дело е поблску до своевидна филозовска интровертност и длабочина која за жал не е протолкувана адекватно и константно, бидејќи изискуваат и одрден филозофко – есеистички критички контекст кој е во рамките на светското ликовно толкување и дешифрирање. Неговото творечко присуство денес е поинтензивно и вистински валоризирано во Словенија и други графички центри во светот, наспроти анемичното, скоро таксативно бележење на неговиот удел во развојот на македонската уметност.

🖼️🎨 Изложби – избор

Тој бил автор на многу самостојни изложби во Југославија и во странство и учествувал на многу групни изложби.

• Љубљана, Галерија Арс, 1979

• Белград, Галерија на графичкиот колектив, 1984

• Париз, Центар за за современа уметност, 1984

• Брисел – галерија Лувиер & Лиеж, заедно со Богдан Борчич, 1987

• Фрехен – МГТ, 1983

• Краков – МГТ, 1984

• Торонто – МГТ, 1984

• Торонто – МГБ, минијатури, 1984

• Гренобл – Европска графика, 1984

• Канагава (префектура) – МГТ, 1989

• Чиле – МГТ, 1990

• Кјото – МУФ, 1980

• Сеул – МГТ, 1980

• Барселона – МИ на цртеж, 1981

• Виена – Графиката на Источна Европа, 1995

• Даблин – МГТ, 1997

• Напа , Калифорнија – МГТ, 1991

• Фредикстад – МГТ, 1991

• Њујорк (град) – МГТ, 1994

• Гиор – Музеј на современата уметност, 1996

• Лондон – Студио Риверсид, 1998

• Шамолиер – Галерија на современата уметност, 2000

• Битола – МГТ, 2002

• Скопје – МСУ, 2008

 

🏆🏅Награди – избор

Димче Николов e еден од најнаградуваните македонски графичари и воопшто уметници.

• Љубљана – награда за млад автор, 1983

• Фрехен – МГТ, 1983,

• Битола – ЈГТ, 1984

• Лублин – МГТ, 1985

• Краков – МГТ, 1986

• Сеул – Награда за плакат,, 1987

• Ферол – МИТ, 1990

• Љубљана – МГТ, 1991

• Сапоро – МГБ, 1991

• Гиор – Награда на Академијата за наука и уметност, 1995

• Оренсе – МГТ, 1996

• Шамолиер – Големата Награда, 1997

• Скопје – Награда 11 – ти октомври 1997

• Намур – Големата Награда, 1998

Извор:Википедија

НЕМА КОМЕНТАРИ