За повеќето луѓе мермерен под, кожен мебел и уметнички дела во хотелска соба претставуваат луксуз, но луѓето што често патуваат, се презаситени од сличните хотелски ентериери и имаат желба за престојување во нешто ново и необично. Овој факт како и големиот избор на хотели, а со тоа и конкуренцијата меѓу истите, ги натера сопствениците да размислуваат поинвентивно кога се работи за уредувањето на собите и апартманите во своите хотели за да ги направат попривлечни за туристите.

Еден пример за туристичка атракција се тематските хотели и особено оние што се склоп на инвентивност и луксуз. Ги селектиравме најубавите хотелски апартмани што вреди да се погледнат и посетат и Ви ги презентираме истите во првиот дел од листата на 10-те најлуксузни тематски апартмани во светот.

Џејмс Бонд 007 Апартман
Локација:  Hotel Le Seven, Париз
Цена: 550 долари за една ноќ

Фановите на Џејмс Бонд ќе бидат навистина воодушевени од оваа соба уредена во духот на бритаскиот таен агент. Апартманот е исполнет со мебел во ретро стил, колекција од сите филмови од Бонд франчизата и секако неколку гаџети како телевизор со вграден распрскувач на ароматски освежувачи на простор и златен пиштол кој всушност е ламба.

 

Хеликоптер Апартман
Локација: Winvian Resort, Kонетикат
Цена: 950 дoлари за една ноќ

За оние кои го сакаат летањето овој апартман е совршениот избор. Всушност е колиба која наликува на хангар, во чиј центар се наоѓа целосно реставриран Sikorsky хеликоптер од 1968 година. Во самото летало има лаунџ бар и кино проектор, а за забава на гостите сочувана е оригиналната пилотска кабина. Останатиот дел од апартманот го исполнуваат када, спална и секако нешто без што не може да се замисли една колиба, камин.

Тифани Апартман
Локација: St. Regis Hotel, Њујорк
Цена: 9.500 дoлари за една ноќ

Овој апартман дефинитивно нема да ги остави рамнодушни фановите на Одри Хепбер и добро познатиот “Појадокот кај Тифани”. Хотелот се наоѓа на неколку чекори од иконската златара Tiffany’s во чија чест е направен овој апартман со површина од 160 квадратни метри. Во внатрешноста на апартманот изобилува тиркизната боја која е типична за брендот, светкави лустери, како и прозорци кои гледаат кон Њуројшкиот Централ Парк. Од останатите детали во апартманот Тифани, има огледало во форма на дијамант, сјајни украси како и сетови прибор за јадење од истоимениот бренд, кои дополнително ќе и подарат луксуз на Вашата вечера.

Кошаркарскиот апартман
Локација: Palms, Лас Вегас
Цена: 25,000 долари за една ноќ

Љубителите на кошарката, ќе уживаат да престојуваат во овој дуплекс апартман, кој се протега на површина од 930 метри квадратни и е совршена место за одмор за машката популација. Апартманот вклучува приватен кошаркарски терен, електронска табла за резултати и соблекувална, целосно кошаркарско искуство. Во апартманот исто така има бар, диџеј кабина и подиум – се што Ви е потребно за одлична забава.

Барби Апартман
Локација: Palms, Лас Вегас
Цена: 4,000 долари за една ноќ

За секоја девојка која како девојче имала или мечтаела за Барби куќа, ова е вистинско исполнување на соништата. Розевата палата која се протега на површина од 220 квадратни метри дизајнирана од познатиот Jonathan Adler, е исполнета со чик дезенирани материјали, детали како сончево огледало изработено од 65 Барбики и столчиња прекриени со чипка. Апартманот нуди двоен камин и спектакуларен поглед на Лас Вегас, може да смести до 50 гости и често го резервираат за момински забави.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнсталации од тоалетна
Следна објава7 актуелни трендови на уредување на домот
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР