Зафатени, пребукирани, преоптеретени – како поинаку да се опише секојдневието на повеќето од нас? Непотребно е да се зборува за тоа колку брзо живееме, a токму затоа во претходниот период имавме можност да дознаеме за многу „бавни“ ,“slow” концепти на живеење. Тие се таму за да не потсетат по којзнае кој пат дека е во ред, па дури и потребно е да забавиме без грижа на совест, но доколку оваа потреба ја претставиме како тренд, секако поголеми се шансите да го сфатиме тоа сериозно.

Бавноста, но во позитивна смисла на зборот, годинава ќе се прелее во сферата на патувањето, а во наредниот период сигурно често ќе слушаме за концептот „бавно патување“. Погодувате, „бавно патување“ би било, отприлика, сè што не е активен одмор. Фокусот овде е на одмор, одморање и повеќе одморање.

Во основа, не е важно која дестинација ќе ја изберете – дали е море, планина, бања… Нека биде место каде сакате да одите и уживате да го посетите. Сепак, во духот на концептот “slow travel” , планирајте да не правите ништо!

Спиење, лежкарање, појадок во кревет, читање на тераса, лежерна прошетка, спа, масажа… Еве како изгледа “slow travel”. Или, што би рекле Италијанците –  Dolce Far Niente.

Се подразбира дека вашиот телефон треба да биде на “do not disturb”„не вознемирувај“ најдобро се практикува како соло патување за да се осигура дека можете да се посветите само и исклучиво себеси.

Јасно е дека “slow travel” не е за секого затоа што има луѓе кои се навистина „зависни“ од брзото темпо, но и да сте, обидете се да бидете позабавени барем за викенд, ако ви е од се премногу. Ќе ви се допадне, гарантираме!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВо април: ексклузивна колекција на H&M x Rokh
Следна објаваОваа сезона тексасот е врвен хит
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ