Најдоброто место за одмор според вашиот хороскопски знак
Планирањето на вашиот одмор од соништата и изборот на совршена дестинација одзема премногу време и енергија. Зошто да не се препуштите на ѕвездите оваа сезона – буквално …

За да ви го олесниме пребарувањето, подготвивме 12 дестинации според секој хороскопски знак.

Овен: Пунта Кана, Доминиканска Република
Енергичен огнен знак како што е Овенот не умее да запре. Пунта Кана е вистинското место за одмор за овој знак бидејќи ги исполнува сите желби за активност на Овенот.

Бик: Дубаи
Вистинскиот Бикот сака луксуз и удобност. Дубаи е идеален избор за овој знак бидејќи му нуди релаксација и ги исполнува неговите фантазии.

Близнаци: Бали, Индонезија
Близнаците се познати по својата дружељубивост. Но и по интуиција и интелект. Бали е дестинација која ќе ги стимулира и нивните мисли и целото нивно битие.

Рак: Анахајм, Калифорнија
Емотивен, романтичен и ориентиран кон семејството, ракот ќе сака да патува на места кои ќе ги задоволат сите во неговата околина. Калифорнискиот град, дом на одморалиштето Дизниленд – место исполнето со добра забава, храна и носталгија, ќе ги исполни сите очекувања на раковите.

 

Лав: Венеција, Италија
За разлика од бикот, лавот сака луксуз, но во кој само тој ќе ужива. Нема подобро место за одмор на овој огнен знак од Венеција, град исполнет со раскошна уметност и култура.

Девица: Барселона, Шпанија
Девицата сака да го впие секој детал на своето патување. Барселона, дестинација за истражување и со богато културно наследство, ќе им го пружи тоа задоволство.

Вага: Париз, Франција
Знак поврзан со убавина и љубов, лесно привлекува популарни дестинации. Затоа, Париз – градот на љубовта, е разумен избор за Вагите.

Шкорпија: Копенхаген, Данска
Скорпијата е знак познат по својата мистичност. Сакаат да се препуштаат на богатството на одредена култура, а Данска е најпознатата земја во Европа по својата импресивна архитектура.

Стрелец: Големиот Кањон, Аризона
Знакот кој владее со патувањето. Добро познат авантурист и истражувач на природата, обиколка на едно од седумте светски чуда – Големиот Кањон ќе ја донесе потребната доза на адреналин.

Јарец: Лондон, Англија
Јарецот навистина заслужува одмор. Меѓутоа, како и другите земјени знаци, јарецот сака организација, план и програма, за да има чувство на сигурност. Затоа Лондон е вистинскиот град за овој знак – добра храна, барови и шопинг центри – има доволно опции за да го одржите Јарецот опуштен.

Водолија: Токио, Јапонија
Водолиите се оригинални и сакаат сами да си го трасираат патот. Токио е вистинска дестинација каде што можете спонтано да се изгубите и да истражувате места непознати за другите туристи.

Риби: Мачу Пикчу, Перу
Рибите се секогаш во потрага по внатрешен мир. Тоа е еден од најдуховните знаци на зодијакот и затоа свето место како Мачу Пикчу е вистинската дестинација за овој воден знак.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеодоливи квалитети на привлечна жена
Следна објаваДали страдате од алергии? Еве како природно да ги ублажите симптомите
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ