Зoшто да престојувате во најобична хотелска соба кога патувате, кога може да одберете нешто интересно и несекојдневно? Претходно го погледнавте првиот дел од нашата селекција на тематски хотелски апартмани што вреди да се посетат, а сега Ви го презентираме вториот дел од листата на 10-те најлуксузни тематски апартмани во светот.

Ленон Апартман
Локација: Hard Days Night Hotel, Ливерпул
Цена: 950 дoлари за една ноќ

Овој хотел во Ливерпул, Англија е единствениот хотел во светот инспириран од легендарната музичка група Битлс. Ленон апартманот, во хотелот Hard Days Night, покрај тоа што го нуди луксузот типичен за хотел со четири ѕвезди, вклучува бело пијано, уреден е со постери и фотографии од покојниот музичар, како и грамофон и избор од неколку плочи од култиот бенд. Веруваме дека вистинските фанови на Џон Ленон и Битлс ќе уживаат во ова опкружување во собата за престој.

Посејдон Апартман
Локација: Poseidon Undersea Resort, Фиџи
Цена: 5.000 дoлари за една ноќ

Овој хотелски комплекс во Фиџи, ќе Ви понуди незаборавно подводно искуство и спиење со рибите кое нема да ви пречи. :) Фотографијата доволно зборува за тоа што Ве очекува таму.

Витезите на Кулата Плаза
Локација: The Plaza Hotel, Њујорк
Цена: 1.345 дoлари за една ноќ

Апартманот Витезите на Кулата Плаза е еден вид послаба верзија на “Game of Thrones”. Изгледот на таванот на апартманот е како во кула или катедрала, за гостите има на располагање плакар полн со средновековни костими и додатоци, за во него малите но и големите деца да се чувствуваат како витези, лордови и дами.

Колибата на Дабарот
Локација: Winvian Resort, Конетикат
Цена: 950 долари за една ноќ

Оваа дрвена колиба ќе ви даде вистинска можност да станете едно со природата. Колибата е целосно дрвена, столбовите кои ја држат градбата се вистински дрва, тушот во бањата е мал водопад, а материјалот кој е користен за изградба на плафонот на колибата е всушност реконструирана брана на дабар најдена во близина на хотелскиот комплекс.

Мики Маус Апартман
Локација: Disneyland Hotel, Калифорнија
Цена: 2.700 долари за една ноќ

За фановите на Волт Дизни, ова “глувчјо дувло” e совршеното место за престојување. Три ТВ екрани, огромна колекција од анимирани филмови со глувчето Мики, конзола со видео игри, повеќе фотографии, украси и цртежи на ѕидовите од ликот на најпознатиот глушец… овој апартман е вистински анимиран рај за сите големи и мали љубители на Мики Маус.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕсен во Будимпешта
Следна објаваНаправи сам | Кутија за маркери
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР