Соочување: независно дали сте ученик, студент, вработени или родители – секогаш е потребна мала помош околку средување на нередот од моливи, пенкала, маркери и ним сличните предмети. Сте се обиделе со средување по фиоки, но веруваме потребно е истите да Ви бидат на видик… денешната идеја на Направи сам е едноставна постапка која ќе Ви одземе најмногу 10 минути. Она што Ви е потребно ќе го најдете токму дома, така што нема да почувствувате ништо по џебот.
Што Ви е потребно: една картонска кутија (безразлика дали од чевли или шолји за кафе) која ќе ја завиткате со украсна хартија; и неколку хартиени држачи од тоалетна хартија (предупредување: не ги фрлајте овие навидум непотребни предмети, затоа што Направи сам проектите во голема мера ги вклучуваат истите). Наместете ги цилиндрите така што не останува простор во кутијата и средете си ги материјалите за пишување. Фотографијата подолу во едноставен чекор Ви покажува како ќе изгледа финалниот ефект.