Британското петочлено студио Citizens! со инспирација од двојки кои се бакнуваат за време на немирите во Ванкувер долж 2011тата, отелотворени во дефиницијата дека „начинот на кој тие се перцепираат за време на интензивен интимен момент за триумф врз несреќата на светот во целина“. Изненадувачки секси и предизвикувачко: „True romance“, во режисерска видео-столица на „We are from L.A“ студио и Arnau Valls Colomer како директор на фотографија, со музичка поддршка на Kitsuné и нивната „Here we are“ носечка нумера на нивниот деби-албум која го исполнува видеото – ги поставува параметрите на вистинското уживање во љубовта. Делумно клише, делумно епско; но, во доволна мера адреналински настроено однесување од кое одекнува храброста да се сака. Вистински приказни за вистинска романса, дури и на најнеочекуваните агли на живеењето…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУмри машки 5
Следна објаваФото на денот | Заробени во виртуелниот свет
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР