Авторот на „ Кромијански приказни“ – Маринко Наумов е поранешен ученик во СОУ „ Љупчо Сантов“ – Кочани. Тој беше ученик во четврта година кога го издаде делото, откако претходно решил дел од своето слободно време во последните три-четири годони, да го помине обмислувајќи ги и запишувајќи ги приказните. Секако најважната од нив, приказната за Дамјан Кромијан и трите сестри.

… Приказната започнува со една млада жена – Елена. Кога починал сопругот на Елена, таа била скршена од болк, но решила да биде храбра за да ги одгледа и заштити нејзините три ќерки. Упорно ги трпела ударите на судбината и човечката злоба, носејќи ја на своите рамења маката, што животот толку драго и ја подарил. И покрај сите маки, таа останала верна на својот сопруг, никогаш не премажувајќи се. Еднаш била прашана од еден младич : „ Зошто не сакаш да се омажиш за мене?“. „ Јас сум омажена, си имав сопруг. Моето срце не знае за друг. Тој ми беше се, а сега девојчињата ми се единственото нешто што ме држи за овој свет. Жал ми е, но јас не можам да сакам друг човек..“ Тажната приказна на Елена и судбината на нејзините девојчиња, ја дознаваме многу подоцна, откако прво ќе влеземе во Куќата, и ќе се соочиме со она што не очекува во неа. Преку четирите главни лика: Тања, Дијана, Виктор и Гордон, ние го дознаваме животот во истоимениот град Кромијан, кој не е толку совршен колку што се обидуваат неговите жители да го направат. Воопшто „ Кромијански приказни“ ќе го привлечат вниманието на оние читатели кои претпочитаат возбудливи доживувања проследени со неочекувани пресврти. Речиси секој настан, секоја страница е продледен со дејство и случување кое ќе го забрзува ритамот на срцето, на моменти ве обзмеа страв и треперите во исчекување што ќе се случи понатаму.
А што ќе се случи?

 Ќе дознаете читајќи ги приказните, и ќе го почуствувате зголемувањто на адреналинот во вашата крв. Ќе бидете заедно со ликовите, додека тие се ставени на огромни искушенија, и одлуки од кои им зависи животот. Стил исполнет со многу споредби, дообјаснувања со цел да се создаде јасна слика за местото на настаните. Речениците се преполни со епитети и на места со специфичен редослед на зборови кои ја доловуваат вистинската слика за времето на случувањата. Интересен и специфичен начин на изразување проследен со напрегнатост и исчекување за тоа што ќе се случи понатаму… се зборови на Митра Јаковска, професорка по македонски јазик и литература, додека на ова се додава Евгениј Хоуп, авторот на „Парада на марионетките“ со „ роман, кој ве води низ длабоката фантазија на младиот Маринко, борбата помеѓу доброто и мрачните сили е кулминација на која не можете да останете рамнодушни. Патување и соочување со непознатото, и земање замав за своето преживување…

Доколку оваа несекојдневна приказна зграпчи дел од Вашето внимание, следува добра вест:
DIVIAN ARTS денес подарува 3 примерока од „Кромијанските приказни“ за своите читатели. Се што треба да направите е да оставите коментар кој ќе го содржи Вашето видување на вечната борба помеѓу доброто и злото. Ви ја посакуваме сета среќа!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМоќта на зборовите
Следна објаваЛетечки куќи
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР