Во клубот на пратениците на 25 и 26 мај ќе се одржат ‘Иселенички поетски средби’, во организација на Агенцијата за иселеништво.

Средбите ќе започнат од 10, 30 часот во чии рамки, 11мината поети, дојдени од разни меридијани, ќе се претстават со читање на своја поезија.

Гостинка на вториот ден од манифестацијата ќе биде Ирена Павлова Де Одорико, македонска поетеса која живее и работи во Италија. Посетители ќе можат да го проследат нејзиниот настап точно во 12.00 часот на пладне. Ретка можност да се слушне поезијата на една од македонските најплодни авторки. 

———

Ви ја пренесуваме во целост нејзината изјава по повод нејзиното гостување на утрешниот настан во ‘Клубот на пратениците’ . 

 

Ирена Павлова Де Одорико фото; приватна архива

“Со незадржлива радост, Ве чекам, да ги споделам во живо своите песни и животот во чуждина”… 

..

Сакани мои Македонци !

Дојде мигот, Агенцијата за иселеништво, заедно со уште десетина поети од цел свет, да ме повика како Поет- иселеник Со тоа, ми се укажа убава чест, да ја претставувам својата земја и творештво- во својата земја, од еден поинаков географски агол.

Со помислив: ,Кога станав дводомен писател, чинам ме сум се помрднала од сопствениот нативен центар. Иако, од друга страна,мигрираме од своето раѓање, од час во час, од ден во ден, во себе, вон себе, во другиот, во друга состојба, земја.

Но, едно нешто е најважно: да глаголиме како што ни е дадено првенствено.

Ете,затоа, го прифатив благородниот повик на Агенцијата за иселеништво, во рамки на поетска средба, каде што со мои драги колеги од цел свет, ќе ја соопштиме нашата духовно- книжевна Одисеја

Секој од нас, поединечно, со осврт на темата: ,,Чување на мајчиниот јазик во иселеништво, преку пишаниот збор’.

Верувајте дека е чуван, како водата во очите.

Овде или таму, гори факелот на алхемијата помеѓу зборовите од азбуката.

Со жизна радост го чекав овој миг, да ги приопштам моите тајни, како чуварка на вечниот пламен на македонското благородие во речта.

Повелете, драги колеги, пријатели, роднини, минувзчи, знајни и незнајни на уште едно чествување на јазикот и неговите чудесни чувари. 

Не е важно каде живееш, додека ,,ткаеш” на сопствениот јазик.

Татковината е во духот.

Тоа, како писател, веќе осма година, поткожно го живеам.

Со кирилицата ткаам, врзан, кројам и прекројува стихови- катаден.

[ФБ статус на Ирена Павлова Де Одорико] 

НЕМА КОМЕНТАРИ