Промоцијата на новата поетска книга „Живот на меѓукат“ ќе се одржи на 11 мај, четврток, во Културно информативниот центар- Скопје, во изложбениот Салон – Империјал 1, со почеток во 20.00 часот.

За книгата ќе зборува Ѕвездан Георгиевски, а песни ќе читаат Борче Николовски и актерот Исмет Шабановиќ.

Јовица Ивановски фото:приватна архива

Јовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година . Автор е на седумнаесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“, на Струшките вечери на поезијата, за книгата „Човек“ (2019). Сè уште живее и работи во Скопје. 

Фејсбук настан на ЈУ Културно информативен центар Скопје. https://www.facebook.com/events/2127323010812319

НЕМА КОМЕНТАРИ