Запознајте го Евгениј Хоуп, еден од ретките млади автори во Македонија чиј стил на пишување ја воодушевува широката читателска публика првенствено поради мистериозните теми и длабоките човечки особини кои ги обработува. Автор е на две издадени книги, неговата „Мистергонија“ излегува од печат кога тој има само 14 години, додека на  „Парада на марионетките“, неодамнешниот пишан успех на Евгениј Хоуп му следи второ издание во текот на наредната недела. Афирмиран и препорачан од страна на македонските литературни великани, овој пат активен партиципиент во нашата креативна страна на животот, како преставник на литературната креативност која на наша особена среќа, е во свој величествен подем – дами и господа, уживајте во неговите редови, запаметете ги неговите зборови и дознајте нешто повеќе кој се крие зад продаваниот псевдоним…

За почеток, кој, во суштина,  е Евгениј Хоуп?

–           Хмм, Евгениј Хоуп е моето алтер-его, ако можам така да се изразам. Работите и светот околу себе ги перципира на поразличен начин, задржувајќи го вниманието на суштинските, животни прашања. Продлабочен во секој можен сегмент. Малку се оние кои го имаат запознаено Е.Хоуп во вистинска смисла на зборот. :)

Од каде вокацијата за пишување?

–          Пишувањето, тоа е нешто сакрално за мене, ми служи како издувен филтер за сите емоции и проблеми. Се чувстувам исполнето, возвишено на некој начин, кој само јас можам да си го разберам. Понекогаш размислувам колку е восхитувачко да си креатор на нечиј живот, да ги претставиш работите онака како што ти сакаш, уживајќи во слободата – лудилото.

Како се случи да биде литературата твој избор, од сите уметности?

–          Уживам во секаков вид на уметности, можам да кажам литературата и музиката се на врвот. Голема желба до пред некоја година ми беше да се занимавам со свирење на некој инструмент, но решив да се сконцентрирам кон едно нешто – да можам да ја постигнам целта кој самиот си ја имам зададено. Секојдневно читање на разновидна литература и пишување се задоволсто, без која не би можел да си го замислам денот, пропратен со класична или метал музика која се водечката инспирација за мене.

Дали твоето перо го задоволува интересот на младата публика?

–          Па може да се каже, кога пишуваш за општи теми како што е љубовта, очајот, потрага по апсолутна слободна, самоказнувањето… секако, секој жив човек би можел да се пронајде во некоја од ситуациите или конкретно со некој од ликовите. Интересот на младата публика е свртена кон некоја полесна литератута, но барем лично можам да кажам дека „Парада на марионетките“ го задоволува интересот на секој читател, оние кои го разгледуваат првиот, површниот слој од приказната и оние кои сакаат да допрат до самата срж.

Како влијае фидбекот од публиката врз самодовербата и инспиративноста на Евгениј?

–          Го почитувам секое мислење, без разлика дали е е позитивно или негативно. Искрено, сум презадоволен од фидбекот, уште додека ја пишував книгата целев кон она низ кое моментално поминувам. Сé е до вкусовите на читателите, но гледано во глобала книгата е одлично приафета, се гледа и со излегување на второто издание.

Извор на инспирација, информација…?

–          Црпам инспирација од животот, во последно време започнав да пишувам за работи кои ги имам лично доживеано. Различни адреналински ситуации, нови искуства ги сметам за надоградба на себе си. Освен тоа, музиката дефинитивно ми е главната помош за визуелизација на настаните во пишувањето. Класика, Моцарт, Бетовен, Шопен… па сé до Nightwish…

Дали е возможно во Македонија да се биде успешен писател?

–          Секако, ако целиме кон надвор од Македонија, ние прво мора да се пласираме на книжевнта сцена во родната земја. Макотрпен и многу напорен процес е, постојат голем број на луѓе што пробуваат да те спречат и да те засенат, да те ставаат на маргините… Не би сакал да должам, секој со своја среќа и вложен труд. Само едно за сигурно знам, ништо нема да ти падне од небо, треба самиот да си ги наместиш коцките…

Планови за нова книга?

–          Моментално работам на тоа, за брзо време ќе почне да се пренесува на хартија.

Инфо за промоцијата на ре-изданието на Парада на марионетките?

–          На 14.02.2012 со почеток во 14 часот во Клуб Матица ќе имам средба со читатели. Не е промоција во класичен смисол на збор, туку едно релаксирано дружење со љубители на пишаниот збор. На минатогодишниот саем на книга имав необична промоција на мојот роман со малку морбиден перформанс, кој сметам дека остави голем белег на целиот настан.

Твоја порака до посетителите на Дивиан Артс?

–          Можеби лудилото е безгранична слобода на свеста, која не подлежи на правила. Изгледа слободни се само лудаците (извадок од Парадата). 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПарада на марионетките – Евгениј Хоуп
Следна објаваКреативни звучници
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР