Кој е креаторот на нашите судбини? Што се случува кога патиштата се вкрстуваат, само за повторно да се разделат? Понекогаш изгубените се пронаоѓаат еден со друг, многу пати остануваат осамени на патот кон спојувањето.

Роман кој трага по прашањата – што е вистинската љубов, од каде е потребата да љубиме и да бидеме љубени? Пронаоѓање на  спасот во љубовта. Каде се наоѓа мирот  и сигурноста кои им се толку потребни?
Главните ликови, Хелен Игнатова и Стивен ван Дазбург уште на самиот почеток доживуваат нешто што е идеал на античките луѓе – да ја сретнат својата половина. Романот ја актуелизира непредвидливата, мачна потрага, која воопшто не е едноставна. Овие двајца ликови, родени во различни животни патеки и определби, во еден миг случајно или не (голема тема на литературата) нивните судбини се вкрстуваат. Дали таа средба е судбинска? Без да бидат свесни за своите чувства, животот им приредува искушение низ кое мора да поминат. Ненадејна разделба од неколку месеци, после првото и единственото видување кое трае само неколку минути им ги менува очекувањата и смислата на нивното постоење.

Како да се зачува присебноста кога ти се чини дека сите те напуштаат.
Моментот кога почнуваш да ја чувствуваш совеста и сфаќаш дека одмаздата привлекува нова одмазда, а само љубовта станува поттик за да се пресечат заплетканите конци на судбината. Кога љубовта не е доволна за марионетките да ја добијат својата слобода. Кој ќе ги пресече нивните конци? Кога тргнуваш да се пронајдеш себе си, а се што наоѓаш се остатоци. Кога бегаш, а всушност стоиш во место. Кога се менуваш, а ништо не е сменето. Колку и да бегаш не можеш да избегаш од себе. Кога грешките на минатото ја совладуваат сегашноста…

Патешествие низ мизеријата, потрага по разделените сродни души во придружба на вечниот сопатник – очајот. Можно ли е да се постигне најголемата доблест на човекот – простувањето? „Парада на марионетките“ го открива вечнoтo тежнеење кон слободата, додека смртта е само фрагмент од божествениот порив кон среќата за која толку се чезнее. Самоказнувањето по некакво непишано правило е дел од човековото магливо секојдневие. Во трагите на московскиот снег се запишани животите на марионетките наречени луѓе.

ДЕНЕС ПОДАРУВАМЕ

Парада на марионетките
Се што треба да направите е да оставите Ваш коментар под статијата, Ваше мислење за тоа кој ги влече конците во овој живот, таканаречен парада… Добивањето се повеќе Likes на Вашиот коментар ќе ја доведе „Парадата“ директно во Вашите раце.
Натпреварот трае до 20 часот: само еден ќе биде почесен добитник, Ви ја посакуваме сета среќа!

Почитувани,

натпреварот за најдобар коментар заврши – Вашето гласање со Likes покажа голем интерес за Парада на марионетките, при што одлучивме да подариме не еден, туку три примерока на подарок!

Среќните добитници се:

  • Моника Крстовска
  • Јулијана Паскоска
  • Александра Манева

Честитки до нив, а за другите повеќе среќа при следното доделување подарок :)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАнатомски пресек од хартија | Lisa Nilsson
Следна објаваЕвгениј Хоуп | Лудилото е безгранична слобода на свеста
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

20 КОМЕНТАРИ

  1. Лебдиш и се гледаш себеси како лежиш на операционата маса….цел живот како стотици слајдови ти оди пред очите како фурија… си викаш :”зошто не беше вака….зошто не беше така… ?” Докторот очајно се обидува да те врати назад…
    …пот,страв,очај….
    И наеднаш нешто ти избувнува нешто во градите….доста ти е од се…ти се буди желба за нешто возбудливо,за нешто значајно…. и очајнички силно ги потегнуваш конците кои ти го држат срцето и ги влечеш нагоре…
    Како во магла се живнува и пулсот ти се враќа…Докторот со олеснување воздивнува и вели “Уф…добро е! “

    • Оваа корица се должи на второто издание на Парада на марионетките, чија промоција ќе се одржи на 14ти овој месец, во просториите на Матица. Поради големиот интерес на првото издание со белегот на ТРИ, ре-изданието под капата на Матица не очекува веќе следната недела.
      :)

  2. ,,Ако животот е повеќе од серија на неповрзани случки тогаш кој е шивач, а кој конец. Понекогаш бараме но не наоѓаме, понекогаш гледаме, но не регистрираме понекогаш прашуваме, но не постои одговор на оваа замресеност. Некои велат дека тоа е судбина некој го нарекува карма. Ако застанеме доволно далеку појасно ќе ја видиме таписеријата и по секоја извлечена игла сцената е покомплетна. А сепак секој од нас самојстојно си ги бира боите на конците, секој од нас сам си го одбира везот со конецот. Каков конец ќе користиш темен или светол? Дали ќе биде конец кој јасно ќе го прикаже животот? Или пак ќе преземеш поголем ризик и ќе му го дадеш конецот на некој друг, дозволувајќи му да го извезе твојот живот. Што и да одбереш какви и да се последиците изборот е твој, а секој избор има своја цена“. ( од моја статија за делото ,,Крпен живот“ – Стале Попов мислам дека соодвестува, без лажна скромоност се надевам дека ќе ја добијам ;)).

    • sivaci sme samite nie vo koi go pletame konecot so toa sto gi barame i se vletuvame vo nepoznati cuvstva i nakraj se spletkuvame zaedno.

      dokolku ne ni se dopadne ednostavno konecot go kineme i pocnuvame da sieme nanovo se dodeka ja ostvarime nasata cel.

      ponekogas sme uspesni no kolku ke trae taa uspesnost se zavisi od samite nie kolku sme kreativni vo kreiranjeto na spletkata so konecot.

      bojata na konecot ja odbirame vo zavisnost od toa kako go ziveeme zivotot i kakov zivot barame .

      “iglata” e taa koja ni pomaga da go koristeme konecot i so toa mozeme uspesno da se nadevame vo nasata kreacija bez razlika dali ke uspeeme ili ne .

      posle se odkoga spletkata ke bide kompletna kako sto sakame da bide,
      nie odlucuvame dali da ja zacuvame ili ke ja frlime pa nekoj tuginec ke mu zatreba i ke ja zede so sebe.

      za se odlucuvame nie i kreirame nie .
      ko na kraj sve si ide od tamu kade sto zapocnalo .

  3. Секој денес се соочува со светли и мрчни страни во однос на својот живот мислејќи дека сето тоа произлегува од самата ситуација или да не речам појава во општеството. Случувањата во животот секогаш произлегуваат од самите себе,бидејќи ние луѓето сме битија кои поседуваме способност да предизвикаме бура од емоции, чувства… случувања!
    Секогаш се прашуваме , дали некогаш ќе ја почувствуваме во целост слободата на сопствената душа?Дали тоа некогаш воопшто би се случило кога знаеме дека сите ние сме марионети на општеството,општество кое со себе сноси случки кои ги врзува минатите и сегашните моменти кои го демнат мирот на душата.

  4. Тешко прашање со уште потежок одговор. Па, зарем висиме на конци? Во тоа ли се состои нашиот живот? Ако е така, тогаш тие конци се во нашите раце, но со текот на времето ги предаваме во целост или делумно на оние кои ги сакаме и ни значат, на оние кои знаат да допрат до нашата суштина и нашето битие. Главниот конец останува во нашите раце, но тешко на оној кој ги дал конците во погрешни раце. Погрешните раце знаат да ги скинат, да ги истенчат или едноставно да не насочат во погрешна насока, насока која буди болка и празнина. А вистинските раце, знаат како да не управуваат и како заедно со нас да управуваат.
    Да, се согласувам, животот е парада. Но, наше е да знаеме како да испарадираме низ него и на кого да му ги предадеме конците. Марионетки или не, да бидеме насмеани, позитивни, вистински, едни и единствени.

  5. Животот е само една измислена фраза, се она што ни се случува додека ние сме зафатени со правење други планови. Во таа изфразирана фарса предодрена судбина незабележително одвреме-надвреме ги влече конците притоа покажувајќи ни дека случајностите се навистина ретки, дека се се основа врз нашата среќна ѕвезда!

  6. Ништо друго неможе да ти ја смири душата повеќе од постоењето на взаемна Љубов, почит, разбирање, хармонија…
    Таа секојдневно не храни, ни го продолжува Животот, ни прави да се чуствуваме дури и магични дека се друго можеме да постигнеме додека таа е секогаш блиску до нас, насекаде околу нас, буквално не опива од Среќа !!!!

    Би сакала да биде и оваа дел од мојата мини домашна библиотека :)

  7. „Престани да ме контролираш!
    Сакам да бидам слободна!
    Зарем не гледаш дека страдам!
    Секој твој потег е остра болка за мене… Зошто не можам да бидам слободна?“
    Кус извадок од книгата, кој покажува дека сите сме заробени во сопствен свет, во маѓепсан круг без да се освестиме за да би можеле да видиме дека всушност самите ги влечеме конците – дури и ѓаволот е измислен од човекот за да има кого да обвиниме за нашите несреќи!
    Вистинска парада…

  8. najgolemiot udel vo zivotot go imame samite, samite sme krojaci na koncite, seto ostanato e splet na okolnosti, koi samite sme gi pottiknale so propustenite sansi…

  9. Самите ги влечеме конците кои судбината ни ги дава во раце, поставени онака како што таа одлучила. Но треба да знаеме како да ги движиме прстите. Со секој нов чекор, правиме ново заплеткување од кое или ќе излеземе како победници, среќни и задоволни или ќе направиме чвор, кој потоа ќе треба да го заобиколуваме и секогаш да одиме напред. Единствено никако не треба да дозволиме едно мало чворче да ни го заплетка целиот живот. Предизвикот е пред нас, моќта е во нас. :))

    Ако нешто поинаку кажува книгата, би сакала да ја прочитам и да дознаам :))

  10. Sudbina,lichen izbor,razni situacii dali vistinski kje gi iskoristime….. No,sepak ako neshto premnogu posakuvame,za koe shto kje sonuvame toj,,SON”eden den kje stane stvarnost!!!

  11. Животот не е идила и никогаш нема да биде. Конците ги влечеме самите ние. При секоја одлука доколку знаеме да погледнеме во огледалото и да се соочиме со себе ќе успееме. Само е потребно да имаме верба. Заедно со Божјата наклонетост можеме да успееме и да го смениме текот на животот.

  12. Ednostavno, vo zivotot nema pravila. Del od slucuvanjata se sudbinski, a del lezat vo nasite odluki. No, nemame sekogas izbor za najdobri odluki. Site nesta se samo splet na okolnosti zatoa, iskoristete ja sekoja moznost, a ne da se kriete pozadi svojata nemok. Zatoa sto, zivotot retko dava vtora prilika…. za ispravka.

    • Стануваш човек. Твојот пат е пробиен на овој свет, сега ти го градиш натаму. Сите твои успеси и падови, сите луѓе кои ги запознаваш се циглите од кои е изградена твојата патека на судбината. Овде-онде ќе се најде некоја пукнатина или празнина, но ќе биде поправена, кога ќе се сретне таа посебна личност која со еден поглед ќе те исфрли од тактот по кој одиш и целосно ќе ги испреврти сите цигли.
      Полека ја губиш силата на младешката замаеност и непобедливост, но затоа си ја имаш мудроста и искуството, со кои полека се утешуваш додека останувате сами во гнездото кое некогаш било дом на вашето потомство, а сега остануваат празни гранчиња, сведоци за некогашната детска радост и смеа, солзи и плачки, штрби насмевки и нежни лица полни со мозолчиња.
      Денот доаѓа до крај, па така и овој пат кој го нарекуваме живот.
      Осуден си да останеш сам како утка, кога таа посебна личност не ќе е повеќе овде за да ги пополни пукнатините кои стануваат се поголеми. Но можеби поради некои конци кои ги влече судбината или пак чисто поради нејзина забава и љубопитност, ти си тој што оставаш пукнатини и празнини во туѓи животи…

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР