Жена во поодминатите години во едно мало кинеско село на својот врат носеше два сада полни со вода. Едниот сад имаше пукнатина, додека другиот беше совршен и секогаш ја носеше целата количина на вода.
На крајот на долгите прошетки од потокот до куќата, пукнатиот сад секогаш беше полн едвај до пола. Тоа се случуваше секој ден, веќе две години. Жената од двата сада, се враќаше дома со еден ипол сад полн со вода.

Совршениот сад се гордееше на своето достигнување, додека пукнатиот се срамеше од своето несовршенство. Разочаран од својот секојдневен неуспех по две години реши да и проговори на жената додека одеше накај потокот да наполни вода:
“Се срамам од себе си. Заради мојата пукнатина водата истекува надвор и вие никогаш немате онолку вода колку што првично сте наполниле.”

Старата жена се насмевна и му рече:
“Дали си забележал дека на твојата страна од патот има цвеќиња, ама не и на другата, кај другиот сад?
Тоа е затоа што одсекогаш ја знаев твојата маана, па засадив семиња на таа страна од патот, што ние ги наводнуваме секојдневно веќе две години. Сега можам да ги соберам тие цвеќиња и да ја разубавам масата во мојот дом со голем букет. Сето тоа благодарение на твојата несовршеност.”

Секој од нас си има некоја своја пукнатина што не разликува од другите. Нашите пукнатини и недостатоци ги прават нашите животи интересни и на момент поучни. Треба да научиме да го гледаме доброто во нив.

*древна кинеска мудрост

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВидео | Добредојдовте на Земјата
Следна објаваНеверојатна минијатурна храна
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР