Анси (Annecy) е мал град кој се наоѓа на истоименото езеро во југоисточна Франција. Езерото е второ по големина и е прогласено за најчисто езеро во Европа. Северно од Анси на оддалеченост од 35 км се наоѓа Женева. Главна карактеристика на Анси се каналите поради кои го добива ептитетот – савојска Венеција. Прекрасниот алпски пејзаж нуди голем избор на активности – планинарење, велосипедизам, пливање, кајакарење. Во градот се наоѓаат следните знаменитости: Palais de I’lsle – познат како стариот затвор, е најфотографираното место и преставува симбол на градот, потоа дворецот на Анси, Конзерваториумот за историја и уметност, црквата Св. Морис, катедралата Св. Петар, Мостот на Љубовниците, Империјалната палата, Европските градини…Улиците се преполни со ресторани, продавници, пекарници и слаткарници, па задолжителна е дегустацијата на сирења, бриош (благо пециво) или италијански сладолед.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР