Три достапни дестинации кои треба да се најдат на вашата листа на...

Три достапни дестинации кои треба да се најдат на вашата листа на патувања во 2024 година

Дали сонувате за пролетни патувања и дестинации за летен одмор, но сте прилично загрижени за светската економска криза и неизвесноста поради инфлацијата на која и не и се гледа крајот? За среќа, постојат прекрасни дестинации кои можете да ги истражувате за не толку многу пари.

Секако, секој тип на патување бара одредена сума на капитал, но овде зборуваме за паметно да го изберете вашето совршено место за овогодинешниот рестарт. Наместо да одите во Лисабон, зошто да не ги истражите другите скриените места на Португалија, до кои популаризацијата на локацијата – и високата цена – сè уште не стигнала? Да, Балеарските Острови се чиста егзотика, но и тиркизниот брег на Турција може сосема да ве изненади.

Значи, на кои места не ви е потребна целата годишна заштеда? Видете подолу.

Лагос, Португалија
Португалија порано беше популарна како една од најприфатливите туристички дестинации во Европа со светото тројство на: прекрасни плажи, богата култура и популарна кујна, но цените се во пораст во последните години. Иако местата како Лисабон и Порто можеби повеќе не се најевтините дестинации за одмор, можете да најдете скриен португалски скапоцен камен во Лагос, во западниот дел на Алгарве. Размислете за: совршени плажи како од разгледници, богата историја и раздвижен ноќен живот, со многу барови и ресторани кои ја се наоѓаат долж самото пристаниште.

Измир, Турција
Избегнете ги туристичките стапици на Турција и упатете се кон Измир, кој се наоѓа на источниот брег на Егејското Море. Измир има богата култура и историја (и плажи, се разбира!), и често се нарекува потивка алтернатива на Истанбул. Не пропуштајте ја чаршијата Кемералти, опкружена со прекрасни историски градби, интересни кафулиња и, се разбира, продавници.

Брашов, Романија
Романија често е фалена како една од најевтините земји во Европа, а Брашов, кој се наоѓа во регионот на Трансилванија, заслужува место на вашата листа за патувања за 2024 година. Прошетајте опуштено по средовековниот град и улиците од калдрма, посетете ја Бисерица Неагра (црна црква) и планинарете по планината Тампа, од која ќе имате прекрасен поглед на градот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПет безвременски зимски комбинации – уметност во едноставен стил
Следна објаваКлучни трендови на накит за пролет/лето 2024 година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ