Како го замислуваме идеалниот одмор? Сонце, море, плажа и, се разбира, коктел во рака. Коктелот е пијалок на летото. Секој има свој омилен коктел. Некои сакаат кисели коктели, додека други се љубители на слатки коктели, а за сите љубители на слатки коктели, нивниот омилен коктел веројатно е Pina Colada. Затоа во продолжение ви го пренесуваме рецептот за најдобрата Pina Colada.
Состојки:
– 5 центилитри бел рум
– 5 центолитри кокосово млеко
– 3 центилитри Малибу
– 10 центилитри сок од ананас
– мраз
Сите состојки ставете ги во шејкер со мраз и добро протресете да се соединат состојките. Истурете во чаша и уживајте.