Еве зошто е здраво да јадете смокви
Смоквите се едно од оние овошја кои веднаш ги поврзуваме со летото. Сезоната на смокви е многу кратка, затоа треба да ја искористиме и да уживаме во смоквите додека можеме. Покрај тоа што се многу вкусни, смоквите се и здрави, а во продолжение ќе ви откриеме зошто е здраво да се јадат смокви.
1. Нашироко е познато дека го подобруваат и го забрзуваат варењето на храната. Причината за тоа е што смоквите се полни со влакна.
2. Смоквите се богати со антиоксиданси.
3. Спречуваат болести на срцето и кардиоваскуларниот систем бидејќи ги елиминираат слободните радикали кои можат да ги оштетат крвните садови и да резултираат со срцеви заболувања.
4. Помагаат при дијабетес. Високата содржина на влакна во смокви ги прави добри за луѓето со дијабетес.
5. Ги зајакнуваат коските бидејќи се полни со калциум.