Иако многу ја сакаме пролетта поради сончевите и долги денови и природата која се буди, сепак не можеме да уживаме во неа колку што сакаме само од една причина, а тоа се АЛЕРГИИТЕ.

Постојат различни препарати, односно лекови и таблети кои можат да ви помогнат да ги ублажите симптомите на алергија, но доколку не сте голем љубител на лекови, подолу ви пренесуваме 5 начини како по природен пат да ги ублажите симптомите на алергијата.

1. Коприва
Чајот или тинктурата од коприва може многу да ви помогне во борбата против алергиите бидејќи копривата е природен антихистамин кој го блокира производството на хистамин.

2. Масло од црн ким
Маслото од црн ким треба да се зема неколку месеци пред почетокот на алергиите, бидејќи континуираното внесување масло од црн ким би требало да ги намали симптомите на алергија. Ова масло можете да го користите од февруари до октомври, секој ден, а потоа треба да направите пауза.

3. Мед
Медот е природен лек за алергии бидејќи првенствено ја намалува чувствителноста на полен, а делува и на отстранување на вишокот слуз од белите дробови.

4. Витамин Ц
Витаминот Ц може многу да ви помогне во борбата против алергиите. Витаминот Ц го намалува нивото на хистамин во телото, ја намалува пропустливоста на клеточниот ѕид и успешно се бори со страните материи кои влегуваат во телото. Покрај тоа, витаминот Ц ја намалува можноста за развој на спазам на бронхијалните патишта, што секако може да ви помогне да го ублажите нападот на астма.

5. Солена вода
За да го одзатнете носот, кој многу често е затнат поради алергија, треба да го исплакнете носот со нешто, а во тоа може да ви помогне раствор од солена вода. Исплакнете го носот со солена вода за да го отстраните поленот од носната шуплина.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдоброто место за одмор според вашиот хороскопски знак
Следна објаваChunky ремени се повторно во мода
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ