Враќањето на ретро стиловите од деведесеттите и раните 2000-ти не е изненадувачки, со оглед на цикличната природа на модата. Од панталони со низок струк до кроп топови, сме виделе сè, а често нашите сакани познати личности и инфлуенсери се тие што го предводат оживувањето на одредени стилови.
хит за 2024 година
Појасите беа задолжителен додаток во културата на женската облека во споредба со машката, почнувајќи првично со истата практична цел. Во средниот век, жените закачувале ситни работи, како торбици и лепеза на појасот, слично како што користиме чанти денес. Кога чантите станаа популарни и модата се промени со блузи и долги здолништа, ремените станаа неопходен моден додатоток.
Како што модните дизајнери почнаа покреативно да експериментираат со ремени како израз за стил, овој моден додаток еволуираше во разновид ни стилови и модели. Еден од извонредните примери беше chunky ремен.
Chunky ремените беа актуелни во 80-тите и 90-тите, а потоа го достигнаа својот врв во 2000-тите со преголеми токи. Сега доживуваат големо враќање. Откако Каја Гербер беше видена на ноќно излегување со ваков ремен, време е и вие да го набавите својот.