Здрава храна
Кога мислиме на брза храна, обично помислуваме на нездрава храна како хамбургери, тестенини, пица… Но, брзта храна не мора да биде нездрава. Во продолжение ви го откриваме рецептот за вкусна супа од печени домати и Grana Padano.
Рецепт за супа од печен домат и Grana Padano
– половина килограм домати
– 2 главици кромид
– 2 чешниња лук
– 100 мл павлака за готвење
– сол
– бибер
– оригано
– босилек
– црвена слатка пиперка
– маслиново масло
– 150 грама тврд кашкавал granа padanо
Доматите, кромидот и лукот зачинете ги со маслиново масло, бибер, сол, црвена слатка пиперка, оригано и босилек. Печете ги во рерна на 180 степени 40 минути. Кога ќе се испечат, ставете ги во блендер, а потоа поминете ги низ сито за да добиете мазна текстура.