Jacquemus Bahia
Летото е време кога најмногу носиме фустани и затоа никогаш немаме доволно фустани во гардеробата. За време на високи температури, односно во лето, најмногу сакаме да носиме воздушести – проsирни фустани како кошули.

Еден таков фустан со години е многу популарен, а го носат многу познати дами како на пр Кендал Џенер, Оливија Кулпо, Емили Ратајковски…

Имено, станува збор за фустанот Bahia на брендот Jacquemus, кој е совршен летен фустан налик на кошула.

Фустанот Bahia со години е дел од стандардната колекција на Jacquemus. Единственото нешто што се променило со текот на годините се боите во кои можете да го најдете фустанот Bahia и материјалите од кои е направен овој фустан.

Веројатно најпозната и најпродавана боја е бледо белата, што не е чудно ако се земе предвид дека во лето белата е нашата омилена боја за носење.

СПОДЕЛИ
Претходна објава Мода: baggy фармерките стануваат пошироки – половината се спушта пониско
Следна објаваПристигна сезоната на смокви: еве зошто е здраво да ги јадете
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ