Кога “заколната” Њујорчанка ќе го замени својот стан на Менхетен за хотелски апартман во Париз, знаете дека е време и вие да го направите истото. Барем за викенд.
Кери Бредшо можеби е заштитен знак на Њујорк, но последните две епизоди од култната серија „Сексот и градот“ се случија во градот на светлината со причина, поместувајќи ја оваа заколната Њујоркчанка од лежерниот во полираниот париски шик. Да, за љубов.
А каде што има љубов, има и романса, а не е чудно што главните сцени се снимаат во еден од најромантичните хотели со пет ѕвезди во Париз – Hôtel Plaza Athénée, поточно во апартманот Eiffel Suites.
Со апартманот добивате приватен превоз и батлер, луксузна спална соба, мермерна бања, свежо овошје и зеленчук, како и мини бар. Гостите сами избираат постелнина, а домашните миленици се добредојдени.
Сепак, најдоброто од сè што е вклучено е прекрасниот поглед од терасата на Ајфеловата кула.