Имате ли некое старо парче мебел од Ikea, кое се крие во подрумот или на таванот? Vintage парчињата од Ikea, моментално се многу барани меѓу колекционерите и вредат по неколку илјади евра.

Една од главните карактеристики на Ikea е цената, односно, мебел кој е ефтин. Но, старите парчиња на мебел од овој шведски производител, денес се прилично вредни. Некои од нив дури и по неколку илјади евра.

Столициte “Clam”, кои фановите на Ikea ги нарекоа “печурки”, на аукција се продадоа за 57.000 евра, секоја посебно.

Шарените столчиња “Vilbert” на данскиот дизајнер Verner Panton, кои се продаваа во Ikea во 1993 година по цена од околу 70 евра, сега се продаваат за 800 евра.

Полицата за книги, на аукција беше продадена за нешто под 3500 евра. Станува збор за дизајнот на Gillis Lundgren за Ikeа.Кожниte столици “Amiral” од 70-тите, дизајнирани од Karin Mobring, сега на аукција се продаваат по 1000 евра.

Црвената кожна столица “Q56”, денес има цена од 1000 eвра.

“Bergslagen”, бела маса за преклопување, неодамна беше продадена за помалку од 2.500 евра.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваH & M Studio на модната недела во Париз!
Следна објаваПрекрасна куќа полна со природна светлина!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР