Carlton Terrace е приватна куќа дизајнирана од Windust Architects x Interiors, архитектонска фирма со седиште во јужниот дел на Мелбурн …

Овој австралиски дом има четири спални соби и две купатила, се протега на нешто повеќе од 200 квадратни метри, а работите на неговиот проект беа завршени минатата година. Како што сугерира името, се наоѓа во Карлтон, северно предградие на Мелбурн, веднаш до централната деловна област на овој град.

Сопствениците на овој објект сакаа дом исполнет со многу соби, со многу природна светлина, каде секогаш ќе се чувствува свежина и пространост во текот на годината, а во исто време, да се создаде силна врска со околината и имотот на кој се наоѓа.

Windust Architects се фокусираа на создавање план за отворен простор на приземното ниво, прозрачен и совршено осветлен амбиент, визуелно поврзани и екстензивни површини длабоко врежани во нивната околина.

Првиот кат е создаден на многу пофункционален начин и е во судир со правилното поставување на овој дом на јужната страна, што исто така го блокира протокот на сончевите зраци. Овој простор е речиси скулптурален, со многу рамни панели различно наредени, кои заедно создаваат многу модерна фасада на конструкцијата.

Природната светлина, како главна цел во сите простории, отворањето на големи прозорци и широката употреба на стаклени површини, и додаваат финални детали на оваа пространа куќа и на сопствениците им овозможува поздрава животна средина, но исто така и целосно искористен капацитет на нивниот ограничен имот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтариот мебел од IKEA денес е скапоцен!
Следна објаваИдеи: Домашна декорација инспирирана од бојата на PANTONE за 2018!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР