Што мислите кој инструмент може да постигне фантастична цена од 2,5 милиони долари?

Одговорот е пијано и не било кое, туку уметничко дело со потписот од американско-германската фима Steinway & Sons.

Фантастичниот инструмент е насликан од сликарот и светски познатиот пијанист Пол Вајс. Украсено со деликатни маслени бои, луксузното пијано и пијано-столчето се навистина со прекрасен изглед.

Концертното пијано било создадено според музичките спецификации и барања во 1853 година. Потребни биле повеќе од 4 години, да биде комплетно завршено.

Ова уметничко дело е инспирирано од ремек-делото на рускиот композитор Модест Мусоргски, “Слики од изложба”, од делото кое е создадено во чест на неговиот голем пријател и архитект Виктор Хартман, кој почина многу млад.

На пијаното има многу луксузни детали. Горниот дел е насликан со панорама на руско село и капијата на пристаништето во Киев. Надворешниот дел на пијаното, на многумина им е омилениот елемент. Насликаните елементи во маслена боја вклучуваат и златни листови, прикажувајќи портрети на  поединци кои се воодушевуваат на дела во музеј.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBMW 2021 INEXT може да ја добие ознаката I9!
Следна објаваТорти достојни за музеј!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР