Германскиот BMW на големо го претставува својот 2021 i Next, речиси 18 месеци наназад, но досега вешто избегнуваше да потврди кога моделот ќе биде прозведен…Сепак, неодамнешните извештаи од печатот потврдуваат дека компанијата ја прославува својата успешна година од продажбата на електрични автомобили, а во исто време, само потврди дека BMW ги има заклучено своите линии со кодни броеви од i1 до i9 и iX1 до iX9.

Покрај тоа, оваа изјава потврдува дека следната очекувана линија iNext може да го претставува новото технолошко оружје на баварскиот бренд. Следствено, кога ќе ги споиме сите генералии заедно, може да заклучиме дека компанијата најверојатно ќе го заземе бројот i9 со ова возило. Алтернативно, новата iNext линија лесно може да претставува и теренско возило, но во овој случај таа ќе го добие името iX9.

Кога ќе биде лансирана BMW iNext линијата, таа ќе ја стабилизира иднината на електричната мобилност на овој производител и ќе предводи со функции на автономни возачки системи од трето ниво. Беспрекорниот ентериер на iNext моделот, ќе има и бројни можности за конемтирање, кои ќе се воведат за прв пат во моделите од сериско производство…така тврдат лидерите на овој бренд.

Под хаубата на новиот iNext модел, ќе се најде целосно електричен погонски склоп, заедно со петтата генерација на батерии од овој бренд. Транзитниот опсег на овој систем ќе биде околу 643 км.


СПОДЕЛИ
Претходна објаваСекси кампања за секси парфем!
Следна објаваФантастично пијано кое чини 2.5 милиони долари!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР