Шест месеци по завршувањето на својот прв меѓуградски лет, футуристичкиот словачки летечки автомобил со соодветно име AirCar конечно доби сертификат од Словачката транспортна управа, што го прави чекор поблиску до производство.

Додека најновите концепти за летечки автомобили ја прифатија формата на мулти-коптери, AirCar остана на идејата за традиционален автомобил што може да се трансформира во авион без многу мака. Изработен од Klein Vision, на AirCar му се потребни само две минути и 15 секунди за да се претвори од спортски автомобил во лесен авион способен за да постигне брзина од над 160 километри на час. Потребно е само притискање на едно копче и летечкиот автомобил се трансформира – нешто што компанијата го демонстрираше на YouTube минатата година.

Според Klein Vision, сертификатот бил издаден откако AirCar успешно завршил 70 часа  тестирање на лет и повеќе од 200 полетувања и слетувања. „Сертификатот AirCar ја отвора вратата за масовно производство на високоефикасни летечки автомобили“, рече Стефан Клајн, креаторот на летечките автомобили AirCar. „Тоа е официјална и конечна потврда за нашата способност засекогаш да го промениме патувањето на средни релации. AirCar е дизајниран да изгледа како елегантен спортски автомобил и е придвижуван од мотор на BMW, работи на бензин што можете да го купите на која било бензинска пумпа. Во јуни, AirCar заврши 35-минутен лет меѓу меѓународните аеродроми Нитра и Братислава во Словачка, влегувајќи во историјата.

Професорот Клајн наскоро сака да проба лет меѓу Париз и Лондон во AirCar-от, кој повеќе не звучи како сон! И ако се оди според планот, словачкиот гениј тврди дека AirCar ќе започне со производство во следните 12 месеци.

НЕМА КОМЕНТАРИ