Крзното е заштитен знак на зимата. Го носиме на капути, џемпери, чизми, а според новиот хит, во тренд се крзнени чанти.

Не постои жена која не сака чанти, а исто така и која не ги следи трендовите кога се во прашање чантите.

Но, трендот на носење крзнени чанти нема да им се допадне на сите бидејќи за љубителите на класичниот стил крзнената чанта е премногу ексцентрична. Но, сметаме дека крзнената чанта одлично оди со класичниот стил бидејќи му дава модерен допир.

Нам ни се допаѓа трендот на крзнени чанти, а дали чантите со крзно ќе се вклопат во вашиот стил, сами треба да одлучите. За вас ги избравме најубавите чанти со крзно од актуелната понуда на Zara.

НЕМА КОМЕНТАРИ