Ако сте еден од страсните љубители на автомобили, следуваат интересни содржини за вас! Некои од најпознатите светски музеи им дозволија на своите посетители пристап до виртуелни тури и интерактивни патувања низ нивните простории.
Сигурно отсекогаш сте посакувале да го посетите познатиот музеј Корвет во Кентаки или да уживате во погледот на необични безвременски модели на олтајмери. Сега можете да го направите сето ова при тоа да не го напуштите вашиот дом.
Подолу, ви издвоивме неколку од најпознатите светски музеи кои можете да ги посетите!
Музејот Ламборџини
Музејот Ламборгини се наоѓа во срцето на Италија и може да се пофали со богата колекција на стари и нови модели од овој иконски производител. Сега можете да ги истражувате изложените автомобили преку вашиот компјутер или мобилен уред, а турнејата низ овој навистина специјален музеј е достапна преку Google Street View!

Национален музеј Корвета
Музејот во Кентаки е посветен на сите љубители на автомобили „Corvette“, а на истото место има фабрика која е одговорна за производство на голем број од нивните модели. Благодарение на карактеристиките што ги нуди Google Street View, сега виртуелно можете да прошетате низ овој музеј и да видите некои од старите, култни, но и најновите модели.

Музејот Порше
Според многумина, досега најдобриот музеј за автомобили во светот се наоѓа во Штутгарт, Германија,затоа што ги собира најважните и највлијателните спортски и тркачки автомобили на едно место. Самата музејска зграда е атракција сама по себе, а виртуелната турнеја ви овозможува целосно да ја истражувате, како надворешно, така и внатрешно.

БМВ Музејот
Секако, можете да патувате до Минхен, Германија, за да ја проверите импресивната колекција на автомобили на BMW. Но, во САД, лоциран во производниот погон на BMW во Јужна Каролина, компанијата има неколку класици кои можеби ќе можете да ги видите на кое било друго место на државата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваPickbox NOW овозможи неограничени содржини за целиот регион
Следна објаваБезвременски детали за вашиот дом
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР